„Го имаме хитот на летото“: Бритни Спирс се враќа посамоуверена од кога било, има дует со шармантниот Елтон Џон

Многу скоро ќе го слушнеме хитот на летото. Така барем најавуваат светските медиуми за песната со која познатата Бритни Спирс се враќа на музичката сцена.

Станува збор за дует со познатиот Елтон Џон со кој ја обработиле неговата песна “Tiny Dancer” од 1971 година.

Според пишувањата на странскте медиуми, песната ќе го види светлото на денот наредниот месец.

Бритни рекла дека ова било идеја на самиот Елтон и истата вели дека звучи неверојатно, открил близок извор на пејачката.

Останува да почекаме до излегувањето на песната па да процениме дали навистина ќе биде хитот на лето 2022.




Foto: Youtube Printscreen/TheEllenShow