ГО ИЗЛЕЧИВ ШЕЌЕРОТ СО ЧАЈ ОД МАСЛИНКИ : ПРИКАЗНАТА НА АНГЕЛ ПОПОВ ОД ДОЈРАН
Дијабетичар сум и бев со години на инсулин. Откако почнав редовно да го пијам чајот од маслинки, за една година сосема го исфрлив. Отидов на редовен лекарски преглед и докторот се зачуди. Шеќерот ми беше во сосема нормални граници. Почнав прво да ги намалувам единиците на инсулин, а потоа сосема го прекинав.
Чајот од маслинки лечи дваесет и две болести, вели Ангел Попов од Доран, кој и самиот својата болест, дијабетесот, ја излечил со домашен чај кој тој го произведува. Ангел веќе дваесет години одгледува домашни маслинки и од нив прави производи за кои вели дека се лековити.
Дојранскиот кеј, поточно местото наречено Кај Јаворот, е препознатливо по тезгата на чичко Ангел.
Дојран е препознатлив по тезгата на чичко Ангел
„Ова е чиста, еколошка, домашна маслинка. Чајот од неа лечи шеќер, камен во бубрег, холестерол, алцхајмерова болест. Лично јас сум дијабетичар и бев со години на инсулин. Откако почнав редовно да го пијам чајот, за една година сосема го исфрлив. Отидов на редовен лекарски преглед и докторот се зачуди. Шеќерот ми беше во сосема нормални граници. Почнав прво да ги намалувам единиците на инсулин, а потоа сосема го прекинав. Сега, шеќерот го регулирам само со апчиња и со чајот, се разбира. Го правам од маслинка која е од сортата наречена Халкидики. Се прави од гранката која не е прскана, и се остава да се суши во темна просторија 40 дена, на максимум 25 степени.“, ни раскажа Ангел. Кај него, доаѓале и луѓе кои боледуваат од многу други болести и особено му е мило кога по втор пат ќе се вратат и ќе му речат дека неговиот прозивод има ефект.
Наијнтересна е приказната за професорот од Србија кој поминал низ Дојран на пат накај Грција. „Човекот имаше проблеми со уринарните патишта и му го препорачав мојот чај. По летувањето од Грција, тој поторно се врати во Дојран. Ми рече дека се чуствува многу подобро и купи уште. Сега редовно му праќам по пошта“, вели Попов и додава дека има и други редовни купувачи од Србија.
Приказната за семејниот бизнис на Ангел започнала пред дваесет години, кога синот Бранко му рекол дека треба да одгледуваат маслинки. „Ќе видиш, ќе дојде време кога луѓето ќе бараат, чист еколошки производ кој и ќе биде вкусен, и ќе лечи, ми зборуваше синот, и беше во право“, додаде Ангел.
„ За да добиеш добра, квалитетна маслинка спакувана во тегла, треба и се посветиш околу осум месеци. Се берат некаде во октомври, потоа се посолуваат и се чека да отсојат два месеци. Таа процедура се повторува уште два пати, што значи три пати по два месеци. Потоа маслинките треба да отсојат уште четириесет дена“, ја откри тајната нашиот соговорник.
Пред да почне да се занимава со семејниот бизнис, Ангел работел во „Млаз Богданци“. Откако се пензионирал, сосема е посветен само на одгледувањето на маслинки. Вели дека не му напорно сега, откако не оди на работа. До скоро, во работата му помагала и сопругата, но таа лани починала и сега за маслинките кои растат во Нов Дојран се грижат само тој и синот. Ангел вели дека од овој бизнис може пристојно да се живее.
Освен маслинките и чајот, тој продава и паштета од маслинки, и слатко од кора од портокали. Ако е изморен, среќен е што во бербата му се наоѓаат соседите. „Сепак, ништо не е тешко ако се работи со љубов“, завршува тој.
Милица Џаровска