Го претчувствуваше крајот: 19 години од трагичната смрт на Ена Беговиќ

Денес се навршуваат 19 години откако трагично загина хрватската актерка Ена Беговиќ, сестра на актерката Миа Беговиќ. Ена, која важеше за миленичка на народот и една од најубавите актерки во поранешна Југославија загина на 15 август во 2000 година острвот Брач, откако испадна од автомобилот кој од патот се лизна накај бездната. Имаше 40 години.

Ена тогаш беше во брак со Јосип Радељак, контраверзниот хрватски бизнисмен. На пат накај Брач, со Ена беше и неговиот син Лео кој го управуваше автомобилот, мајката на Ена, Тереза Беговиќ и ќерката на Ена и на Јосип, Лана, која имаше само еден иопл месец. Неискусниот Лео ја промашил куќата на пријателката кај која оделе на ручек и продолжил да вози по тесниот, стрмен пат помеѓу викендиците на островот. Лео возејќи се удрил во карпа и скршил еден од фаровите, по што неговиот татко, Јосип инсистирал да продолжи да вози. Двајцата излегле од автомобилот кој без контрола почнал да се лизга наназад. Џипот завршил во бездната. Од несреќата, повдерена била Тереза, но и малата Лана, а Ена испаднала од автомобилот, се здобила со фрактура на главата и поради повреда на мозокот набзро починала. 

Ена со сестра ѝ Миа Беговиќ

По трагедијата, следеше судење кое траеше до 2007 година. Лео Радељак е ослободен од вина, а за несреќата бил виновен расипаниот менувач на брзини на џипот. 

Тереза и малата Лана биле префрлени во сплитската болница каде што брзо пристигнала и сестрата на починатата актерка, Миа Беговиќ. Миа, Јосип Радељак и Лео ја напуштиле болницата од спореден влез избегнувајќи да разговараат со новинарите. Ќерката на Ена и Јосип Лана, денес има 19 години. 

Блиска пријателка на Ена Беговиќ беше пејачката и автор Алка Вуица. Пред неколку години, Вуица за „24 сата.хр“ раскажала до сега необјавена приказна за Ена.

„Таа многу се плашеше од автомобили, како да је пречувствуваше несреќата. Се сеќавам дека одеше на психијатар поради тој страв. Не ѝ беше пријатно ниту во авион, па и мене ме прати да одам кај истиот психијатар затоа што и јас се плашпев од летање“, раскажа Вуица. 

Најголемиот страв на Ена се претвори во стварност во 1996 година, четири години пред да почине. Таа беше виновна за сообраќајна несреќа во која загина мотоциклистот Фатмир Минири. Со Ена во автомобилот, тогаш беше и 23 годишниот актер Ѓорѓе Кукуљица кој потоа помина три недели во кома. 

Лана денес има 19 години и многу наликува на покојната мајка.- со татко ѝ, Јосип Радељак Фото: Tportal

Ена Беговиќ актерската кариера ја започна на 18 години, а првата нејзина поважна улога е во филмот „Пад на Италија“ во 1981 година. 16 години беше првенка на Хрватскиот народен театар со повеќе од 20 главни улоги. Таа е една од добитничките на Златната Арена на Филсмкиот фестивал во Пула за улогата на бароницата Кастели во филмот „Глембаеви“. 

„Какви дивјаци сме ние, не можеме да се договриме како луѓе“,  зборуваше Ена за војната во поранешна Југославија од која многу се плашеше. 

Свесна за својот сексапил, оваа талентирана актерка која многумина ја сметаа за секс-симбол велеше: „Во Загреб има барем пет актерки кои се поубави од мене, а не работат со темпото со кое што јас работам.“, зборуваше Ена Беговиќ. За своите 40 години, таа оствари 51 театарска улога, 16 филмски, 28 телевизиски и три радио улоги. 

Најголемата трагедија на убавата актерка е што ѝ беше мајка на Лана само 45 дена.