Го претепепа дечкото, ги нападна полицајците, ја повреди ќерката: Славната актерка на лечење

Добивај вести на Viber

Откако минатата година ѝ беше една од најлошите во животот, некогашната ѕвезда од серијата „Династија“ , Хедер Локер сепак мора да оди на лечење. 

Популарната Семи Џо беше уапсена поради напад на полицаец, возеше во пијана состојба, предизвика сообраќајка, го претепа партнерот. Според сето ова, денес 57 годишната актерка овој тежок период не го остави зад себе.

Во јуни годинава, откако беше уапсена под дејство на алкохол, Хедер ги нападна полицајците и вработените на Брзата помош во својот дом. Поради тоа беше обвинета за три прекршоци: попречување на полицајците во вршењето на должноста, напад на вработените од брзата помош и напад на полицајците. 

Неодамна судот донесе пресуда која вели дека 57 годишната актерка мора да помине 30 дена во клиника за ментално здравје. Таа е исто така осудена на затворска казна од 120 дена, која ја чека ако не ја заврши програмата на лекување. Ја чека и тригодишна условна казна и во тој период не смее да консумира алкохол, да поседува оружје и да зема лекови без рецепт. Ѕвездата на „Династија“ цело време зборуваше дека не ги направила делата за кои е обвинета.

Поради состојбата на мајката, најмногу пати нејзината ќерка Ава Елизабет (21), од бракот со гитаристот Ричи Самбора.