Го преживеал грчкиот пекол: „Никогаш претходно не сум видел ништо слично!“

Добивај вести на Viber

Најмалку 60 лица загинаа во шумските пожари што го опустошија источното предградие на Атина, соопшти градоначалникот Рафине Евангелос Боурнос за „Skai TV“. Се плаши дека бројот на жртви би можел да расте.

Исповед на преживеан човек

Никос Ставринидис беше спасен благодарение на рибарски брод. Тој скокна во морето борејќи се за својот живот, каде што египетската екипа дојде по два часа, пишува „SkyNews“.

- Пожарот се случи многу брзо, ветрот беше неопислив, неверојатен. Никогаш не сум видел нешто слично на ова. Паднавме во морето и се обидувавме да избегаме од чадот, но како што одевме понатаму, имаше многу ветер и струјата почна да не носи далеку од брегот. Не можевме да видиме каде сме- раскажува Ставринидис.

Во разговорот со „Associated Press“, тој додаде дека не сите што биле на бродот преживеале.

„Она што ме вознемирува и она што ќе го носам во моето срце засекогаш е едно страшно чувство кога ќе видите човек што се дави до вас, а вие не можете да му помогнете", завршува Ставринидис.

Тешките ветришта дополнително ја комплицираа борбата на пожарникарите против пожарите, а условите на морето се се поопасни.

Небото над Атина стана портокалово, а грчкиот министер за внатрешни работи, Панос Скуретис, ги опиша пожарите како „библиска катастрофа со човечки загуби". Премиерот Алексис Ципрас рече дека сите „сили за итни случаи беа мобилизирани".