Го славиме Светиот великомаченик Георгиј: Задолжително почитувајте ги овие обичаи, еве зошто

Добивај вести на Viber

Македонската православна црква и верниците денес го слават Светиот великомаченик Георгиј, празник посветен на пренесувањето на моштите на Свети Георгиј од Никомидија (денешен Измир) во Лида, што беше исполнување на неговата последна желба. Секогаш се слави на 16 ноември.

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Со денешниот празник се поврзани овие обичаи и верувања:

Во деновите од 16 до 24 ноември од дома ништо не се дава, не се преди волна и не се пере. Жените не се занимаваат со физичка работа, а се верува и дека кројачите и чевларите треба да одмараат.

Кај повозрасните постои верување дека ако времето е магливо, зимата ќе биде маглива и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде силна. Во црковниот календар Ѓурѓовден е означен со црвена буква, а иако денес не е Ѓурѓовден, се смета дека е од големо значење за православната црква.


Фото и Извор: денови.мк