Го викаат „ледено момче“ бидејќи секое утро пешачи на минусни температури до школо: „Понекогаш ги обвинувам родителите за ваквиот живот“

Добивај вести на Viber

Ванг Фуман стана познат како кинеското „Ледено момче“ на почетокот на 2018 година, кога неговата приказна стана вирална. Имено, неговото семејство било меѓу милионите во земјата кои живееле во сиромаштија и на 8-годишна возраст морал да вложи натчовечки напори само за да стигне до училиште. Ова е неговата приказна.

Момче од зафрлено село во југозападна Кина пешачело речиси пет километри секој ден на -9 степени Целзиусови за да стигне до училиште. Маките на ова момче ги поттикнаа властите да реагираат. За помалку од два дена беа донирани околу 300.000 јуани за да им биде малку попријатна зимата таа година на децата во овој оддалечен дел од земјата.

View this post on Instagram

A post shared by UNILAD (@unilad)



Оттогаш, семејството се преселило во нов дом и почнало да се занимава со сточарство, а денес квалитетот на нивниот живот е значително подобрен.

За време на пандемијата, родителите на Фуман добиле уште две деца, а претходно оваа година, неговата постара сестра беше примена во средно училиште за кое е потребна скапа школарина. „Пост“ неодамна го посети семејството Ванг за да види како живеат денес.

- Порано ги обвинував моите родители дека живеат вака, но денес мислам дека животот овде на село е ист за секое семејство.



Foto: youtube