Град во кој секоја напуштена куќа е претворена во импровизирана книжарница

Добивај вести на Viber

Норвешка и општо Скандинавија се познати по богатите книжарници. Но, сепак и покрај импресивните пејсажи и недопрената природа, посебно се издвојува малото градче Мундал, во кое живејат околу 300 луѓе, а недостатокот од повеќе жители го надополнуваат со книги. 


Токму поради тоа Мундал е познат како „Градот на книгите“ и до сега има над 150. 000 различни книги, ставени во импровизирани книжари, кои им пружаат несекојдневно искуство на сите добронамерни туристи. 


Идејата за трансформација на напуштените домови доаѓа од британско село, кое во 60-тите години напуштената кино сала ја наполнило со книги, па така и жителите на Мундал секој напуштен дом го претвораат во импровизирана книжара. 


Ваквот концепт е вистинска инспирација за трансформација на напуштени куќи во помали градчиња и села. Бидејќи селскиот туризам е гранка која се развива, ова е совршена избор за одмор, но и уживање со добра книга, настрана од натрупаните и бучни градови. Исто така, убавината на пишаниот збор е зачувана на листови хартија и дава поинакво доживување наместо читањето на книга онлајн.