„Градите сега ми изгледаат како да имам силикони“: Девојка покажа идеален и лесен трик како да ги подигнете градите за минута

Во текот на летните месеци повеќе се одлучуваме за отворени маици или фустани. Сепак, жените со поголеми гради често не се задоволни од одразот на нивното деколте во огледалото. И затоа тука на сцената настапува трик од „TikTok“, кој ќе ви ги подигне градите за само неколку секунди.

Во видеото на „TikTok“, девојка по име Џес покажа како со помош на обичен ластик за коса може да се подигнат градите за минута, да изгледаат поцврсто и да имаат совршена форма.

„Само земете ваков ластик и со него поврзете ги прерамките на грбот“, објасни Џес која демонстрираше како изгледаат нејзините гради пред трикот, а потоа покажа каква магија се случи. Таа објасни и како прво треба да го врзете ластикот.

@midsizefashioninspo

I literally use this all the time but I’ve never seen anyone talk about it

original sound - Midsizefashioninspo

Нејзиното видео набрзо стана вирално со над два милиони прегледи.

„Овој трик ми го спаси животот. Не само мене, туку и сите жени со големи и лабави гради", „Леле, моите гради сега изгледаат како да имам силикони", „Зошто не знаев за ова порано"- се само дел од коментарите.

Извор: zena.blic.rs