,

Грците ја користат со векови: Лековита мешавина од 2 состојки за силен имунитет, штити и исфрла штетни материи

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

Ако верувате дека здравјето влегува преку устата и се обидувате да јадете нутритивно богати намирници, и мислите дека домашната внимателно избрана храна може да ви помогне да излечите некои заболувања, ви носиме антички грчки рецепт за лекување.

Мешавина од мед и тахини односно таан ќе ви го засладат денот, но во исто време ќе донесе многу придобивки за вашето тело.

Имено, кога оваа моќна мешавина, која се споменува во Хомеровата „Илијада“, редовно се конзумира, го обезбедува вашето тело со енергија, особено ако сте веќе исцрпени, ја подобрува циркулацијата, помага во регулирање на маснотиите во крвта и ги ублажува симптомите на вознемиреност и замор.

Се' што ви треба за оваа природна енергетска бомба е: 300 грама тахини (паста од сусам, односно таан кој можете да го набавите во супер маркетите) и 300 грама природен мед.

Измешајте мед и таан во чинија, а по желба можете да додадете и сецкани ореви. Истурете во тегла, затворете и чувајте во фрижидер. Треба да земате 1 до 2 лажички од смесата секој ден.

Во оваа едноставна мешавина, има дури 182 различни елементи кои влијаат на телото, а меѓу другото, тоа се цинк, железо, магнезиум, калциум, бакар, влакна, бројни витамини...

извор:zena.blic.rs