Хелена ги изненади децата на Ребека од Нов Зеланд

Добивај вести на Viber

Хелена Роза од Нов Зеланд ги изненади тројцата внуци пред новогодишните празници. На синовите на својата сестра, пејачката Ребека, таа им испрати специјално дизајнирани новогодишни колачи.

„Прекрасно е чувството кога таму некаде на 22 илјади километри далеку од тебе имаш пријател кој ќе направи, украси и достави најслатки путер колачиња за три прекрасни дечиња. Ти благодарам Ивана што иако сум толку далеку, успеав да си ги изненадам за Нова година моите внучиња кои толку ми фалат, со твоите прекрасни колачиња. Ве сакам Маркијан, Доротеј и Макариј“, објави Хелена која со сопругот Игор, ќерката Кјара и синот Тиан кој има една ипол година живее во Нов Зеланд.

Близнаците Доротеј и Макариј биле пресреќни откако го добиле подарокот од тетка им 

Близнаците на Ребека наполнија пет години, а Маркијан минатиот месец го прослави 12. роденден. 

„Маркијан најмногу недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов лани во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд. Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати.“, изјави Хелена за нејзините внуци во интервју за Женски магазин. 

Најстариот син на Ребека и на Милан, Маркијан наполни 12 години 

Хелена и ќерката Кјара, во градот Окленд, работат како менаџери за продажба во позната светска компанија за наочари.

Децата на Хелена, Кјара и Тијан 

„Воздухот овде е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција. Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува. Секогаш сум имала поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат кај нас, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев  да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал ,ништо не е сменето за овие три години колку што не сум во Скопје, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам“, додаде поранешната водителка која е секогаш отворена во изјавите за медиумите. (М.Џ.)