Хит: Вака изгледа летувањето кога сте дебели - милиони ѝ се заблагодарија и велат дека е икона

Таа покажа како изгледа летувањето кога имате прекумерна тежина и доби милиони прегледи и поддршка.

Мери Фран (27) е наставничка која веќе е доста популарна на ТикТок затоа што сака да ги споделува подемите и падовите во секојдневниот живот кога имате прекумерна тежина. Сето тоа придружено со многу хумор, таа ги собра симпатиите на голем дел од публиката.

Бидејќи сега е сезона на одмори и летување, Мери ги покажа проблемите со кои се соочува во хотелите. Нејзината прва грижа, вели таа, е да види дали хотелите се „дебелофоби“, а потоа таа продолжува да нè води низ, како што вели, „водичот за патување за дебелите луѓе“.

@itsmaryfran

Because Tik Tok thinks I’m bullying MYSELF, here’s the re-upload for the besties

original sound - Mary Fran

- Како што можете да видите, бањата изгледа нормално, сè додека не ви треба WC-школката на која не можете да седнете - вели Мери на видеото. Нејзината следна жалба се малите крпи кои не може да ги завитка околу целото тело. Исто е, вели таа, со крпите за базен. 

- Ајде да зборуваме за крпите за базен, бидејќи како што знаеме, хотелските крпи се СР***. Ја зедов понудената крпа за базен и гледам дека е малку поголема од крпата во бањата. Значи, ние бираме дали да го покриеме предниот или задниот дел? Да ја покриеме позадината - вели таа.

@itsmaryfran

Traveling as a Fat Person Episode 2

original sound - Mary Fran

Се соочува со проблеми и на балконот затоа што не може да се смести на гарнитурата.

Нејзиното видео има нешто повеќе од пет милиони прегледи, а многумина и се заблагодаруваат што ги посочи овие проблеми, па затоа ја нарекоа нивна икона.


Видео и Фото: ТикТок