Хотели од Банско во цените на аранжманот покриваат и ПЦР тест: Годинава скијањето во соседството сепак слабо

Пандемијата на Ковид-19 комплетно го промени начинот на живот, а поради ограничувањата комплетно се намалени и можностите за патувања – летото малкумина заминаа на одмор, зимава исто така има многу мал интерес за зимувањата во традиционално најпосетените зимски центри во соседството. Иако е добро што поради тоа нашите граѓани ги посетуваат домашните дел од граѓаните се распрашувале во агенциите за овие аранжмани. Потребата да се прави ПЦР тест најчесто е клучна причина да не се патува, а секако граѓаните и внимаваат па согласно препораките остануваат дома. Од туристичките агенции за Фактор велат имаат зимски понуди и традиционално ги нудат Копаоник и Златибор во Србија, но и Банско, Боровец, Пампорово во Бугарија.

Секоја зима токму во овие центри имаше значаен интерес и навалица од наши туристи таму. Од Фибула велат дека очекуваат можеби во февруари да има зголемен интерес за скијање во Бугарија, со оглед на тоа што таму скијачката сезона е токму тогаш, а има најави и за некои олеснувања во цените.

„Сега е послаб интересот. Имаме можности и доста понуди за Бугарија, а хотелите кои се нудат веќе прават пакети за туристите со кои во цените ќе биде вклучено и покриено и ПЦР тестирањетое, односно со платениот аранжман е платен и тестот кој се прави пред тргнувањето овде, вели Сузана Зелениковска, Фибула.

Како е интересот за зимување во Србија, прочитајте на Фактор.мк


Фото: Фактор