Хурем каква што светот ја нема видено: Позира во новогодишно издание покрај двете преслатки ќерки (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Славната Хурем блесна во необично издание со ќерките и по тој повод ја воодушеви јавноста.

Познатата актерка Мерјем Узерли ја одбележа турската актерска сцена, а се прослави со улогата во серијата Сулејман Величествениот каде ја толкуваше улогата на Хурем. Актерката брзо ги освои срцата на публиката со својата харизма и стана една од омилените актерки.

Одлично ѝ прилегаше улогата на силна и самосвесна жена, а се истакна и со својот уникатен изглед. Многумина се заинтересираа за нејзиниот приватен живот, додека Мерјем често ги изненадува своите следбеници на Инстаграм со интересни фотографии.

Овој пат таа сподели фотографии на кои позира со ќерките под елката. Модните комбинации се внимателно одбрани во согласност со новогодишните празници.

View this post on Instagram

A post shared by (@meryemuzerlimeryem)


Може да се забележи и дека Мерјем ја доведе линијата до совршенство, и дека никогаш не изгледала подобро и помладо. Евидентно е и дека ќерките многу личат на неа, па нема сомнеж дека тие се нејзина копија.

извор:GLOSSY

Најпознатата Хурем го прослави роденденот покрај преслатките ќерки: Ги збуни луѓето со свеќите на тортата (ФОТО)

И поради нив се гледаат турски серии: 10 најубави турски актерки кои пленат со својата посебна убавина (ФОТО)