,

И Кејт Мидлтон ги има истите проблеми како и сите родители: Се пожали на симпатична ситница

Кејт Мидлтон се пожали на симпатична ситница во која веруваме дека многумина родители ќе се пронајдат.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон кога ќе ги заврши своите должности и ќе ги затвори вратите на палатата Кенсингтон, е само уште една мајка во светот.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се горди родители на три деца - принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, кои обично немаме можност да ги гледаме често во јавноста.

Претежно можеме да ги видиме малите принцови и принцези на официјалните кралски портрети и интересно е што, иако им е достапен најдобриот фотограф и, воопшто, светски фотографи, овие малечки главно ги фотографира нивната мајка. Таа е првиот член на британското кралско семејство што се потпишува на овие портрети, а сè започна со официјалната фотографија на принцезата Шарлот од 2015 година. 

Мидлтон, инаку, неодамна објави книга со фотографии доставена на конкурсот „Hold Still“, која беше најавувана за време на пандемијата, а нејзината страст кон таа уметност трае уште од студентските денови, кога специјализирала фотографија на Универзитетот Сент Ендрус. Меѓутоа, ако го прашате нејзиното семејство, понекогаш би можела и да ја остави камерата настрана.

„Сите постојано ми велеа: „Мамо, те молам, престани да не сликаш“, се пожали Кејт во разговорот со фотографот аматер Серија Едвардс пред неколку дена, што несомнено им е добро познато на сите мајки кои не можат да одолеат и се обидуваат да ги овековечат моментите со нивните деца.

Најновиот портрет на Кејт беше од кралицата Елизабета Втора и покојниот принц Филип опкружени со нивните правнуци.

А една од омилените за јавноста е и онаа од принцот Луис на првиот ден од градинка.

извор:zenskikutak.rs

Мал моден трик кој ќе ве воодушеви: Не е случајност што Кејт Мидлтон носи зелена боја толку често


Кејт Мидлтон ѝ ја исполни најголемата желба на Мила, девојче болно од леукемија: А изборот на стајлингот не беше случаен