„ИЛИ ПРИВАТНА БОЛНИЦА ИЛИ МЕСЕЦИ ЧЕКАЊЕ ЗА ВЕШТАЧКИ КОЛК“: Протези има, но има и листа на чекање вели д-р Трајановски
Нема крај на чекањето за операција на колк, односно за оперативен зафат со кој треба да се направи промена на стариот колк со нова ревизиона ендопротеза, велат разочарано пациенти кои стапија во контакт со Фактор. Револтирани се како што велат заради тоа што „не остана ништо од јавното здравство“, и дека во оваа држава можат да се лекуваат само богатите во приватните болници.
-Од лани одам да закажам операција на колкот, но никако да закажам. На ТОАРИЛУЦ ми велат нема, тендерот не е завршен, не си итен пациент, немаш болки почекај...Навистина, немам некои посебни болки, но овој вештачки колк веќе мора да се смени кај мене, поминати се повеќе од 30 години, бев дете кога ми е направена првата операција. Старвувам дека може нешто да ми се искомплицира. Но, лекарите ми велат нема протези, дека треба да почекам да стигнат или ако толку ми се брза, операцијата да ја направам во некоја од приватните болници. Е, навистина овој момент ме здоболе...