Има кујна како вселенски брод! Ѕирнете во домот на Милица Павловиќ: Блеска со ЛУКСУЗ, а овој детаљ е бизарен

Добивај вести на Viber

Пејачката Милица Павловиќ долго време живееше како потстанар и не се срамеше тоа јавно да го истакне, се додека не купи имот во главниот град.

Пред неколку години решила да купи стан во Белград и го претворила во вистински топол дом.

Милица купила имот од 90 квадрати и платила, според медиумите, дури 270.000 евра, а потоа вложила уште 50.000 во негово реновирање.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Поради природата и обемот на работа, подготвување на албуми, но и честите патувања поради закажаните настапи, Милица не поминува многу време во својот топол дом, иако тоа ја чинеше мало богатство.

Таа често објавува фотографии на социјалните мрежи, а понекогаш споделува и малку од луксузот во кој живее.

Милица често позира во кујната

Сака и да позира пред вратите со стакло и прегради, како и во кујната која е дизајнирана според најновите трендови.

Според она што може да се види на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм профил, во нејзиниот стан преовладуваат светлите тонови, главно беж, бела и кафена, освен во дневната каде подот е жолт, а дрвените парчиња мебел се вклопуваат.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Кујната е изработена во минималистички стил и преовладуваат сиви тонови. Сè изгледа многу луксузно, но и уредно и педантно. Посебен детал се и трпезариските столчиња.

Има и простран кујнски остров, кој е најновиот тренд во опремувањето на домот, а обожавателите еднаш се пошегуваа дека Милица повеќе сака да позира на него отколку да готви.

Извор: Експресо

Фото: Инстаграм