Имала контакт со заразено лице: Кејт Мидлтон во самоизолација

Палатата изјави дека војвотката не чувствува никакви симптоми

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, сопруга на принцот Вилијам, беше ставена во изолација откако се дозна дека била во контакт со личност која е позитивна.

Војвотката беше изолирана во палатата Кенсингтон, а кралското семејство не соопшти каде се случил контактот, туку само изјави дека таа била во близина на заразеното лице минатата недела, а некои медиуми шпекулираат дека контактот се случил на Вимблдон.

Кејт, која ги прими и двете дози на вакцина, отиде со сопругот и синот да го гледаат натпреварот Англија-Германија на Вембли во вторникот.

- Нејзиното височество нема симптоми, но ги следи упатствата и ќе биде во самоизолација - беше објавено од палатата.


Фото: Tanjug/AP

Можеби ќе ве интересира:

Кејт Мидлтон секое утро, на празен стомак го пие овој напиток: Ова е причината за војвотката да изгледа витко