Имам 30 медали, а работам и како модел: Талентираната Изабела, девојка со Даунов синдром
Изабела Хујиќ (24) има освоено 30 медали во пливање, волонтира, сака зумба, скијање, а сака да биде и модел. Кога постои волја, постојат начини.
- Само небото е граница, - самоуверено вели Изабела Хујиќ. Таа е лице со Даунов синдром и претставничка на лицата со посебни потреби во Хрватска.
Зад насмеаното лице на оваа девојка од Ријека стојат триесет освоени медали во пливање и злато во конкуренција на лицата со посебни потреби. Кога не волонтира, оваа млада дама го троши своето време во природа, во текот на зимата на скии, а во летната сезона со играње зумба или свирење синтисајзер.
Изабела е првото лице со Даунов синдром кое се појави на модна писта во Хрватска.
- Никогаш ништо не е пречка за остварување на соништата. Сакам да го минувам времето забавно, да работам со луѓе и исто така уживам во волонтерската работа. Сите мои активности се интересни, уживам да изработувам накит, но сепак сакам да го поминувам слободното време со брат ми - вели таа.
Брат и Ален, во моментов студира во Италија, а постарата сестра често го посетува и со него оди на шопинг.
Нејзините родители раскажуваат дека за нејзината аномалија дознале по нормалната бременост и дека се многу среќни што имаат такво посебно дете. За нив Изабела е обична девојка која живее нормален живот во сите сфери на животот и дека меѓу себе како семејство се многу поврзани и постојано се поддржуваат. Сандра и Изудина велат дека за нив и Ален и Изабела се рамноправни деца.
Извор: 24сата.хр