Името Леона има моќно значење

Едно од имињата што родителите сè повеќе го избираат за своите девојчиња  е Леона.

Потеклото на ова нежно име со силно значење не е тешко да се претпостави. Леона е женска верзија на машкото име Леон која е изведена од латинскиот збор „лео“ (или грчки „леон“) што значи лав, така што Леона би имала значење на лавица.

Како и да е, грчкиот збор „леонидас“ се преведува како „лавов изглед“ и знаеме дека лавовите и лавиците се прекрасни и величествени животни кои инспирираат восхит и стравопочит.
Поради своето значење, Леона е име кое родителите честопати им го даваат на своите девојчиња родени во периодот кога е хороскопскиот знак лав. Името Леон на тој начин се однесува на концепти како храброст, борбеност, решителност, сила, смелост, упорност, ...

Жените со името Леона исто така се сметаат за многу интуитивни, внимателни, прилагодливи и сигурни. Ако сакате да имате мала лавица во вашето семејство, можеби името Леона би бил идеален избор за вашето мало девојче.
Познати жени кои го носат името Леона се актерката Леона Парамински и пејачката Леона Луис, а треба да се спомене и нивниот имењак, еден од најпознатите актери во светот Леонардо Ди Каприо.