Инспириран од инспектор Мамли скокнав со чадор од тераса: Актерот Зафирчев за детството
Помладата публика го препознава по улогата на Марио, која ја игра во серијата „Преспав“, но Васил Зафирчев е актер со големо искуство. Во едно неодамнешно интервју за Женски магазин тој откри интересни детали за себе, а особен акцент стави на неговото детство.
„Имав убаво, спокојно и безгрижно детство во родниот Велес, кој во тоа време беше еден од најуспешните и најпросперитетните индустриски развиени градови во тогашна Југославија. Наследив добро домашно воспитување од родителите и семејството и смерници за вистинските вредности во животот. Во најубаво сеќавање ги имам бескрајните детски игри низ велешките маала, во Дворови, на Мегдан или Црна Џамија, возбудливите авантури на Вршник и Костурница, возењето со велосипед до Езерото Младост, пливањето на Вардар или пак по вировите на Бабуна и Тополка, дружењата со врсниците од другите градови низ детските летувалишта и зимувалишта во Македонија, како и долгите летни одмори со родителите на Јадранот на кои запознав пријатели од цела Европа, а со дел од нив и денес одржувам комуникација.“ - носталгично раскажа тој.
Целиот текст прочитајте го на Хаштаг.