,

Ѕирнете во собата на малите Стефан и Тара Ѓоковиќ: Ова сигурно не го очекувавте (ФОТО)

Јавноста е изненадена од изгледот на спалната на Стефан и Тара Ѓоковиќ бидејќи сите очекуваа луксуз.

Со оглед дека Тара и Стефан Ѓоковиќ се деца на првиот светски рекет, јавноста очекува од нив да живеат бајковит живот во луксуз, сепак, нивните родители избраа сосема поинаква реалност за нивните наследници.

Судејќи според она што имавме можност да го видиме на социјалните мрежи, детската соба на Тара и Стефан Ѓоковиќ е минималистичка, неутрални тонови, а единственото нешто што секако го има во неа се интерактивните играчки, кои им помагаат на децата да развијат интелигенција и концентрацијa.

Новак и Јелена даваат се' од себе да ги воспитаат своите деца да бидат скромни, како и да ја научат вредноста на учењето. Нивниот дом е исполнет со книги, љубов и насмевка, но дефинитивно не материјален луксуз.

- Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не биле тепани. Јас добивав ќотек од моите родители, мајка ми, татко ми од нивните, баба ми и дедо ми, во фамилијата на Новак исто така. Стефан и Тара се првата генерација и верувам дека неодговарањето на грешките и погрешното толкување на емоциите со насилство навистина ќе го промени светот. Мислам дека ова е голем квантен скок во промена на историјата и иднината - истакна Јелена за време на гостувањето во „Иднината е сега“.


И откри дека поставила сосема различни основи во воспитувањето на своите деца, и бидејќи се' започнува од семејниот дом, домот на Новак Ѓоковиќ и неговото семејство е уреден така што секој член има се' што му треба, но од ништо премногу.

извор:najzena.rs
Мала, слатка балерина: Јелена Ѓоковиќ конечно објави фотографија од ќерката Тара