Искористете го максимално времето на женската слобода: Приказна за триото „Тринити стрингс“

Александра, Марта и Ирена, се попознати како атрактивното женско трио „Тринити стрингс“. Ги ангажираат за многу настани, а дел од нив се и во Претседателската резиденција во Скопје.

-Сите три се знаеме уште од нижото музичко училиште. Со Марта сме сестри и доаѓаме од музичко семејство, но проектот Тринити го започнавме кога повторно се сретнавме со Александра во операта“, раскажува Ирена за нивното соединување преку жичаните иструменти.

-По четири години поминати на студии во Германија,  дружењето со пријателите од детството ни отвори нови можности за соработка. Прво имавме состав квартет со друго име и други членови, но тоа скандалозно се заврши и ни дојде како училиште за комуникациски вештини. Многу недоразбирања и различни интереси за жал. Од друга страна, сето тоа ја зацврсти врската меѓу нас три и набрзо со полна пареа почнавме да работиме и да нé ангажираат многу сериозни клиенти“, додава Ирена.

Девојките сега се актуелни со песната „Да или не“ закоја велат дека се работела повеќе од една година, со доста промени на соработници, аранжери, видео соработници.

-Прво беше во ЕДМ стил,  но потоа го сменивме во deep house и кога му дадовме на Иван Јованов да го сработи аранжманот, разбравме дека одиме по вистинскиот пат.. Немаше на некого да не му се допадне демо верзијата. Со видео продуцентот Горан Симјаноски имавме одлична комуникација  .. Тој е крајно професионален , исполнителен и има фантастично око за добри кадри. 

Песната е посветена на сите загубени љубови во младоста. Сите знаеме како е кога не можеме да избегаме од сопствените чувства“, велат девојките од „Тринити стрингс“.

Видеото е снимено на Хераклеа и е дел од поголем проект, објаснуваат тие и највуваат уште неколку песни чии видеа ќе се снимаат на  специјални локации.

-Сакаме да се потсетиме на убавината на нашата земја и да не бидеме инфериорни во однос на нашата земја и нација. Мора да разбереме дека треба да “работиме со тоа што го имаме “ и дека треба да почнеме да се сакаме и за работите што сега ги создаваме , не само за минатото..за музиката , уметноста , науката и спортот. За новите генерации и создавање на повисока свест..“, порачуваат девојките.

Сите три се вработени во Македонската Опера и балет повеќе од десет години. Александра и Марта многу спортуваат, и велат дека за време на пандемијата тоа им бил издувен вентил.

Ирена е мајка на две ќерки, и сопруга на музичарот Горјан Стојановски, па во времето на пандемијата била посветена на грижата за децата и на семејството.

-На никого не му беше лесно искрено ,сите паднавме психички.. Александра беше најпозитивна од сите и ни даде кураж зада продолжиме со креативната работа зошто искрено чекавме само деновите да поминат. Tогаш ја направивме кавер верзијата на “ Rather be" со видеа од патувањата во Италија и Луксембург годината пред да нé затворат. Требаше да патуваме за Милано во март и имавме закажано повеќе од 40 настани во државата и странство но тогаш застана сé.  -Имаме многу планови , песни кои се доработуваат, закажани настани но видиме дали ќе ни дозволи пандемијата да ги исполниме“, раскажуваат Александра, Марта и Ирена.

Музиката генерално не важи за машка или за женска професија, но сепак, повеќето музичари се мажи, па побаравме од девојките коментар дали се чувствуваат инфеиорни како жени во условно речено машка професија?

 - Интересно е тоа дека во последно време сметаме дека е обратно.. можеби ова е моментот кога женските изведувачи се во подем и апсолутно тврдиме дека сме во предност во однос на колегите од спротивниот пол. Совет за сите млади девојки кои се бават со оваа професија : да го искористат максимално ова време на женската слобода, да бидат вредни и професионални , а со шармот, скромноста и убавината секогаш ќе бидат јаготка на шлагот.. каде и да се појават.“, советуваат трите шармантни дами.

М.Џаровска