Искрена исповед на Џони Деп: Мојот пад беше многу длабок!
Непосредно пред почетокот на турнејата на групата „Hollywood Vampires“ во која актерот Џони Деп свири на гитара, списанието „Rolling Stone“ имаше интервју со него, што не беше само искрено, но многу директно и шокантно.
Деп раскажа за многу работи, вклучувајќи ги и епизодите од неговиот личен живот, кои минатата година не излегоа од страниците на жолтиот печат. Џони се сеќава на тешкиот развод со Амбер Херд и искуството на разочарување.
„Мојот пад беше колку што е можно длабоко, не можев да ја поднесам болката секој ден", рече актерот. Тој признал дека седнал да напише мемоари за да се справи со емоциите. „Едно утро си налеав водка и пишував, додека солзите не ми го замаглија толку погледот, па престанав да ја гледам страницата. Цело време се обидував да дознаам со што сум го заслужил сето ова ... се трудев бидам добар и да помагам, да не лажам, за мене вистината е најважна ", продолжи Деп.
За време на разводот, тужбите на холивудската ѕвезда започнаа со неговите финансиски менаџери. Џони Деп ги обвини за измама и проневера на неговите пари. Тие им кажале на новинарите за неговиот екстравагантен начин на живот и необични набавки.
„Мојот син слушнал од децата на училиште дека неговиот татко ги изгубил сите свои пари. Тоа е погрешно", рече Деп. Што се однесува до прекумерните трошоци поради кои го обвинија финансиските менаџери, тој одговори вака: „Навреда е да се зборува дека сум потрошил 30 000 долари за вино ... Бидејќи износот беше поголем".