Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев, често е активен на социјалните мрежи.
Тој во септември минатата година стана татко по трет пат, а денеска ги израдува обожавателите со фотографија од ќеркичката Мелинам.
Мелинам видно пораснала, а Џамбо под фотографијата пишува дека „ќе ја изеде“ и дека е иста како татко и.
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка Мелинам.
Moже да ве интересира:
Десет години во брак и две деца: Запознајте го семејството на Џамбо Агушев