Исти како тато: Близнаците на познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски
Најголемата гордост на водителот Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана, се двеиполгодишните близнаци Љупка и Иво. Во семејната приказна за Женски магазин, познатиот ТВ водител раскажа дека сопругата и тој се будни во седум часот, без оглед дали е работен ден или е викенд.
- Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопхоно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на нозе без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и многу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет- низ насмевка раскажа Ненад. Водителот открива дека од секогаш им се восхитувал на родителите на близнаци и сакал да биде како нив.
Семејството Ѓорѓиевски сака викендите и одморите да ги поминува во планина, на чист воздух, па Ненад често споделува фотки од нивните патувања. Она што е веднаш забележливо е дека близнаците многу наликуваат на својот татко.