Ивана Кнез: „Женски Магазин“ е одлична платформа за секоја жена

Добивај вести на Viber

За мене „Женски Магазин“ е почеток на денот со кафе. Заради позитивниот пристап кон поставување на информациите, за мене е најдобриот избор за почеток на едно утро. Современи, ненаметливи, концептуални и достапни, „Женски Магазин“ е одлична платформа за секоја жена која сака да е во тек со настаните од секаков аспект. 

Јас ги одбрав за да се презентирам себе и мојата колумна заради слободата на говор, суптилниот став за животните стилови и убавината на спонтано споделување со можност за делување.