Ивана Стела присуствуваше на прославата за јубилејот на Кралицата: Маалските улици во Лондон беа затворени за сообраќај, се организираа забави, за кои општините донираат средства

Веќе неколку месеци наназад, Обединетото Кралство се подготвува за Платинестиот Јубилеј на Кралицата Елизабета Втора. Почнувајки од екланите фигури од Кралицата кои се појавуваат над познатите поштенски сандачиња, до излози декорирани, во чест на прослвата, многубројните знамиња Union Jack низ Regen Street. и цел Централен Лондон и прекрасните цветни аранжмани во Chelsea Denes паркот. На овој начин Ивана Стела, Македонка која живее во Лондон ја опишува прославата во чест на 70 години владеење на кралицата Елизабета, на која вчера била присутна.

- ST. James беше затворен за јавност, поради голема заинтересираност за цветниот аранжман во вид на круна од првото крунисување на Кралицата. Имав можност да присуствувам на дел од спектаклот вчера иодушевена сум од бројот на посетители специјално дојдени за настанот. Во разговор со полицијата дознавме дека цели семејства кампувале во околината на палатата од понеделникот наутро, за да обезбедат влез на самата церемонија. Предниот дел на Палатата беше затворен затворен и барикадиран во радиус од 1 км. Се очекуваше толпата да ги помине полициските барикади некаде околу 16 часот или додека како што наведоа полицајците, не се запазени сите безбедносни мерки и се 100% сигурни дека е безбедно да се придружат на прославата. Реки од луѓе со слики од Кралицата, огрнати со знамиња, дечиња облечени во кралски војничиња или со круни на главата…Чувството е неописливо. Иако од далеку, присуствував на еден историски момент. Го видов спектаклот со авионите и можам да кажам дека чувството да се биде меѓу илјадници луѓе што дошле да оддадат почит на една жена, е уникатно и искрено, Им се восхитувам. Ја почитуваат, не заради титулата монарх, туку заради начинот на кој ја претставува титулата и заради нејзината личност. Заради харизмата која ја поседува. Кралството слави. Прославата ќе трае до недела. По повод Платинестиот Јубилеј, Кралицата додели на сите вработени еден ден платен одмор. Што друго да се каже , освен God save the Queen - вели Ивана и открива уште еден интересен податок.

- Вчера многу маалски улици беа затворени за сообраќај, се организаираа забави, за кои општините донираат средства – завршуваа таа.

С.А.Н