Ивона Јо собра важни животни моменти во мотивирачко видео: Mожеш да постигнеш сè што животот ќе ти го сервира

Ивона Јо, пејачката која ги воодушеви сите со својата трансформација, кога е изгледот во прашање, со секоја нова фотографија на социјалните мрежи, сè повеќе ги изненадува своите следбеници.

Процесот на трансформација, и за тоа колку се променило нејзиното тело, храбро споделува на социјалните мрежи, а досега повеќепати истакна дека е горда на телото и лузните по него, после операцијата.

Овој пат таа обајви видео за сите оние на кои им е потребна мотивација за да продолжат со животот и со она што го замислиле.

- Ти ветувам, дека ако го насочиш својот ум дека ќе го постигнеш тоа, и работиш напорно и никогаш не се откажуваш и не ги слушаш одбивањата, можеш да постигнеш сè што животот ќе ти го сервира на патот - стои во описот на видеото со исечоци од нејзини важни животни моменти.