Избегнувајте престој на отворено: Скопје повторно со енормно загаден воздух

Главниот град денес повторно во топ 10 најзагадени градови во светот. Лекарите во денови кога има голема загаденост на воздухот препорачуваат да се избегнува престој на отворено. Тие советуваат да се користат и маски за заштита, но исто така и доколку сте во можност препорачуваат прошетка до планина.

Ситните  ПМ честички продираат во алвеолите на белите дробови и  може да  ги разорат, а докажано е дека имаат влијание и во пореметувањето на ДНК кодот на клетките – велат лекарите

Чувство на печење и штипење во носот  и грлото, кашлица, вртоглавици и краток здив – се тегобите на кои се жалат граѓаните во периодот на пикот на загадувањето, ноември и декември.  Некои статистики покажуваат  дека над 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија како последица на аерозагадувањето. 

Светската здравствена организација проценува дека, седум милиони луѓе годишно умираат поради изложеност на ситни честички во воздухот , што доведува до појава на болести кои водат во смрт како што се: мозочниот удар, срцевите заболувања, опструктивните белодробни заболувања, воспаленијата и најчесто белодробниот карцином.

Колку се штетни ПМ честичките за луѓето, што велат лекарите и како да се заштитиме прочитајте овде.