Изгледаат како шефици на мафијата: Сестрите Кардашијан-Џенер во ексцентрични изданија за свадбата на Кортни и Тревис

Добивај вести на Viber

Ексцентрични, готски фустани - сестрите Кардашијан-Џенер фрлија сенка врз невестата со модните изданија.

Модната куќа Долче и Габана ја спонзорираше венчавката на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, а жените од најпознатото семејство во светот го искористија тоа на неочекуван начин.

Рече и трет пат „ДА“: Кортни Кардашијан на церемонијата во Портофино изненади во венчаница со верски мотив (ФОТО)

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер по трет пат го кажаа судбоносното „ДА“!
По интимните венчавки, прво во Лас Вегас, а потоа и на интимна тајна церемонија, парот решил да организира и трета, традиционална венчавка и да ги собере своите семејства во Италија, Портофино.

Меѓутоа, кога една од сестрите Кардашијан прави свадба, тоа е сè само не типична свадба, па официјален спонзор на оваа венчавка беше италијанската модна куќа Долче и Габана, а Кортни носеше прекрасен бел превез со мотиви на Богородица (како што е истетовирано на главата на нејзиниот младоженец) и бел мини фустан.

Кратка венчаница, километарски вел со навезена Богородица и расплакана невеста: Како некој да ја натерал да се омажи


Сепак, не останаа незабележани ниту нејзините сестри, па нивните фотографии ги преплавија социјалните мрежи.

Најозборувана е Ким Кардашијан која неодамна стана платинеста русокоса и која се појави во долг тесен црн фустан од тантела, украсен со впечатлив крст и масивен чокер со зелени камења.Тука е и нејзината ќерка Норт која носеше долга црна наметка, украсена со тантела.


Во долг црн фустан се појави и Клои, со додаток за глава инспириран од сонцето, а таа, како и Ким и Норт, имаше готички елементи во нејзината облека.

View this post on Instagram

A post shared by Khloe Kardashian News (@khloesnapchats)


Кендал и Кајли Џенер, пак, решија да се појават во посветли бои, па Кендал избра комплет составен од здолниште и јакна во беж нијанса со бакарен вез, додека Кајли во фустан во иста нијанса и со големи црвени цветови.


View this post on Instagram

A post shared by @kyliekfire


Иако совршено дотерани, Кајли и Кендал останаа во сенка на своите полусестри во црно, па повеќето коментари се за Ким и Клои.

View this post on Instagram

A post shared by kendall_Jenner (@kendall_majesty)

„Тие личат како шефици на сицилијанската мафија“, „Личи на нив да облечат нешто толку ексцентрично за да го одвлечат вниманието од невестата“ ... се некои од коментарите.


извор:GLOSSY