Извадила 4 ребра и вбризгала 500 дози ботокс: Сакав да личам на Ким, сега горко се каам

Манекенката Џенифер Памплона потрошила половина милион евра на пластична операција за да изгледа како нејзиниот идол Ким Кардашијан.

Оваа 28-годишна девојка имала, како што вели, 17 години кога ја убедила својата баба да потпише документ што и овозможува зголемување на градите.

Меѓу најсмелите операции на кои и биле извршени, биле отстранување на четири ребра, а потоа 10 интервенции за зголемување на задникот, три операции на градите, две операции на носот…


За 10 години имала и 40 полнења на усните, како и пломби на образите, брадата, интервенциите за кревање лице, интервенциите на очните капаци ... Вели дека добила дури 500 дози ботокс.

- Жал ми е што ја извршив првата операција, не бев доволно зрела да ги разберам последиците од одење под нож - искрена е моделката

За малку ќе ја изгубела ногата

Операциите на Џенифер не поминале без ризик. Таа тврди дека нејзиниот задник е темпирана бомба поради количината на силикон и маснотии што биле инјектирани во него.


Исто така оваа година, таа се плашела дека ќе ја изгуби способноста за одење поради инфекција на ногата, што било последица на операциите.

- Среќна сум што сум жива, поминав повеќе од 20 дена во кревет и моето тело мораше да се бори против сите овие токсини во него - рече манекенката.

Сега е свесна што сторила и избегнува какви било интервенции, но мора да следи одредени процедури за да го задржи постојниот изглед.

Нејзината мисија сега е да ги одврати помладите жени да не одат под нож, како и да промовира природен изглед. Исто така, Џенифер предупредува дека секој што се бори против несигурност треба да го стори тоа на други начини освен со промена на физичкиот изглед на козметичките хирурзи.


- Ги советувам девојките и жените да не прават операција затоа што не ги решава нивните проблеми, и тие лесно можат да станат зависни од естетски интервенции - истакнала Џенифер.