Ја малтерирал психички и го оставила: Пукна врската на Емина Јаховиќ со турскиот милијардер

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Емина Јаховиќ по само неколку месеци врска го напушти турскиот милијардер Садетин Саран. Причината, според белградски „Курир“ е неговиот притисок и инсистирање што побрзо да се венчаат.

Пејачката сите овие приказни ги демантира и вели дека никогаш во животот не била посреќна.

Соработници и други блиски луѓе на Емина тврдат дека таа од ден на ден станувала сѐ, повеќе очајна, затоа што врската со милијардерот наводно се претворила во вистински пекол. На почетокот, нивниот однос бил идиличен, но по само еден ипол месец Садетин почнал да ѝ врши притисок кој Емина не можела да го издржи. 

Садетин Саран ја запозна Емина со неговото семејство уште на почетокот од врската 

„ Од голема љубов, Садетин почна многу да ја задушува Емина. Тој ја терал што побрзо да се земат, а кога таа му дала до знаење дека е сѐ уште рано за тоа, тој почнал да инсистира да се пресели кај него. На Емина, која пред релативно брзо време се разведе од пејачот Мустафа Сандал, не ѝ паѓа на ум така брзо да влезе во нов брак. Ми се жалеше дека Садетин псхички ја тормози и затоа сака што поскоро да го остави. Сега, кога тоа се случи, мислам дека нема шанса нивната љубов да се обнови“, изјавил изворот за „Курир“.

Емина со Мустафа Сандал има два сина, Јаман и Јавуз.