Ја навредуваше неа и нејзините деца: По бурниот крај, поранешната сопруга на Трамп е повторно со 23 години помладиот партнер (ФОТО)

Ивана Трамп не може без нејзиниот поранешен сопруг.

Дури и по најлошите зборови што ѝ ги упати, се чини дека Ивана Трамп (72) не може без Росан Рубиконди (49). 

Деловната жена има 4 брака зад себе, но се чини дека секогаш се враќа кај еден од нив.

Росан и Ивана беа фотографирани во Њујорк, на прошетка со куче.
Интересно е што тие дури и си одговараа со стајлинзите, и двајцата облечени во црно-бели комбинации, а Ивана не ја изостави и својата омилена чанта Диор вредна 4.500 долари. 

Двајцата најпрво беа во љубов 6 години, а потоа се венчаа во 2008 беа во брак до 2009 година, по разводот решија да си дадат уште една шанса, меѓутоа, како што еднаш изјави Ивана, раскинале пак затоа што не можеле да одржат врска на далечина. Во 2019 година, тие повторно се разделија.

- Повторно сум слободна. Имам слобода да правам што сакам и можам да си го дозволам тоа - рече тогаш Ивана.

Пред две години, Рубиконди јавно ја навредуваше Ивана, патем навредувајќи го целото нејзино семејство.

- Никогаш не земав денар од нивното семејство. На овие луѓе светот им се врти околу парите. Тие воопшто немаат срца, тие се ѓубре. Нејзините деца се многу глупави, освен Иванка. Тие се одвратни, тешки ѓубриња и пред да зборуваат за мене, ќе им ги измијам устите со сапун. „ие се срамота за човечката раса, рече тогаш Рубиконди.

Но, очигледно Ивана поминала преку тоа, па сега парот е повторно заедно.

извор:glossy
фото:profimedia

Поврзани вести:

Разводи, изневерувања, чудни врски: Ѕирнете во животот на децата на Доналд Трамп

Поранешната сопруга на Трамп, Ивана кажа што мисли за Меланија: Ја опиша со еден збор