Животна училница // Приказни
Ја покажа нејзината суперхероина: Нина Ангеловска со моќен статус и ретро фотки изрази посебна благодарност до мајка ѝ
„Кога мислам на силна жена, мислам на мајка ми“, Нина Ангеловска со моќен статус и ретро фотки изрази посебна благодарност до мајка ѝ на Денот на жената.
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска објави ретро фотографии со мајка ѝ и сестра ѝ од приватната архива, и ѝ го честиташе денешниов празник на нејзината мајка, иако како што вели Нина, празников не ѝ е омилен.
Сепак денес е ден за изразување посебна благодарност и љубов, а до кого ако не до нашите мајки?!
Статусот на Нина ви го пренесуваме во целост:
Кога мислам на силна жена, жена која ме инспирира, мотивира, менторира мислам на мајка ми!.. кога мислам на жена која ми дава љубов, знаење, критика и која секогаш ме учи на вистинските вредности во животот мислам на мајка ми!
Кога мислам на жена на која не и омилен празников исто така мислам на неа. :)
Мојата суперхероина и животен ментор која направила да бидам тоа што сум денес.
Секој ден сум ѝ неизмерно благодарна, а ваквите денови се повод за рефлексија и изразување посебна благодарност и љубов.
Покрај зборовите упатени до нејзината мајка, Нина упати и моќни зборови до сите жени и апел дека се потребни повеќе жени на високи позиции, жени во технологија, жени претприемачи за да го направиме светот подобро и попаметно место за живеење. ГАЛЕРИЈА од Инстаграм фотографиите со кои Нина ѝ го честиташе празникот на мајка ѝ:
Поврзани вести:
(ФОТО) Нина Ангеловска има ново хоби: Поранешната министерка за финансии изненади
Прави или криви, битно да се линии: Македонските политичарки „одлепија“ по овој стил