Ја сушите облеката на балконот: Еве на што треба да внимавате!

Постелнината, сушена на балкон во градот, не се здобива со свежина, но е „збогатена“ со букет хемиски елементи, тврди Антон Јастребцев, директор на лабораторијата за животна средина во соседна Бугарија, а пренесува Дарик њуз.

Се верува дека по перењето на постелнината подобро е да се исуши не во затворен простор и во машина за сушење алишта, туку на свеж воздух за да се даде свежина на постелнината, и истата да се исчисти од бактерии на сончева светлина и попријатно да спиеме на нив, изјави Антон Јастребцев кој уверува дека ова е само делумно точно, односно многу зависи од тоа во каква животна средина живеете.

„Сушењето облека на балконот по перењето во урбана средина не е добра идеја. Најчесто нашите станови имаат поглед кон фрекфентен пат или се наоѓаат близу таков. Влажните алишта надвор од прозорецот ќе работат повеќе како филтер. Ќе привлечат честички од прашина и загадувањето кое го има во поголемите градови и урбаните средини. И не само прашина, туку и тешки метали, саѓи, прашина од абразија на плочки за сопирање и гуми. Сите овие се канцерогени материјали “, истакнува екологот.

Продолжениот контакт со канцерогени состојки со постелнината ја нарушува функцијата на белите дробови и ја зголемува веројатноста од воспаление.

„Поминуваме околу осум часа на ден во спиење. Сето ова време лежиме на перница, на постелнина и ги вдишуваме овие честички. Во исто време, некои тешки метали влегуваат во нашето тело. Се разбира, сето тоа зависи од тоа колку е здраво и имунизирано човечкото тело и како ќе се справи со нив. На еден или друг начин тоа ќе има негативно влијание. Никој нема да се разболи веднаш, но ова барем ќе биде напрегање на телото. Ова е негативен фактор “, објаснува Јастребцев.


Ако сакате вашите балкони да бидат шарени цело лето, ова мора да го направите сурфинијата да цвета