Ја знаете од популарниот спот на ДНК: Олгица сега живее во Германија со сопругот и ќерката, а еве како изгледа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Олгица Стрика од Куманово е девојката која се појави во два видео записи на момците од ДНК, а денеска живее во Германија со сопругот Дарко и ќерката Каја

Имено во „Само таа знае како“  и „Пола човек“ глуми опасна девојка која е во љубовен триаголник со Андреј и Панчо, во кој се измешани и кражби и пари. „Само таа знае како“ е еден од најголемите хитови на дуото и има скоро два милиони прегледи на „Youtube“.

Денеска, по повеќе од 5 години Олгица повеќе на живее во Македонија. Таа се пресели во Германија, каде ужива во бракот со нејзината долгогодишна љубов Дарко Ангеловски.



Тие се на адреса во Франкфурт, а оваа година им се придружи и нов член во семејството - нивната ќерка Каја.


Олгица често споделува нивни заеднички фотографии на социјалните медиуми, а од она што можеме да забележиме е дека со годините воопшто не се променила во изгледот, дури и по раѓањето на ќерката.



Таа ужива во хармонијата која ја има со своето семејство, а доказ за тоа е и нивната последна заедничка фотосесија по повод празниците, на која изгледаат преубаво.



*Р.Ж.М.