Јакото срце ми го спаси животот: Перо Камиказа ја отвори душата за болеста

Добивај вести на Viber

Музичарот Петар Георгиевски- Камиказа, кој е пасиониран спортист, раскажа како се спасил од тешката болест, по 17 дена поминати на Клиниката за кардиологија. На 20 ноември, Камиказа бил згрижен на Кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога.

„Ден на светецот Архагел Михаил кој зима души. Но, ете јас сум имал ксмет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас. За оваа болест прв пат чув и бев помалку збунет, но читајќи по интернет видов и дека доста спортисти го споделиле истото искуство. Седумнаесет дена поминав во кревет без никакво движење,токму на овој кревет што го гледате. Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот. Но, помина. И не е се готово. Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат, враќање со минмален физички напор во наредните три месеци. Значи ништо не е готово додека не е готово. Или како ќе кажат наодите. Го пишувам ова со особен нагласок за тркачите. Да трчате и да го правите она што го сакате додека можете ,бидејќи тоа може да ви го спаси животот, без разлика што носи утре. Јакото срце мене ми го спаси животот, благодарение токму на трчањето, но можеби и од претеран напор  го добив ова. Кој ќе го знае? За скептиците кој викаа "претеруваш", можам со мирно срце и душа да им кажам. Се науживав од тоа што го правев, па и ако дошло времето барем среќен и исполнет ќе тргнам на најдолгиот пат. Еве ме со брада непосредно, по првото станување од болничкиот кревет. И да, она со мускулите и ретроспективата беше да ги амортизирам гласините. Додека соберам храброст да го споделам ова животно искуство со вас, да сте живи и здрави и да уживате во секој нов ден. Ве сакам сите“, сподели познатиот музичар, основачот на групата „Меморија“ која лани одржа успешен повратнички концерт.

 Болничката соба во која музичарот поминал 17 дена