Со класична свадба, наместо со забава, македонската фолк-пејачка Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче Ристевски годинава во август прославија една деценија брак. На веселбата во една позната винарија присуствуваа над 150 гости, меѓу кои и многу нејзини колеги со кои сега се гледа се’ поретко.
Мукаетова со семејството живее во Њу Џерси. Има два сина, Дине и Зуко. Со сопругот со кого направија венчавка и во Лас Вегас потекнуваат од Кавадарци, но нивната љубов се роди во Америка додека таа беше на турнеја.