Јелена Карлеуша прва прими вакцина во „Ушче“: Под стрес сум бидејќи има толку многу новинари околу мене (ФОТО)

фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ

Над 20 новинари го следеа целиот процес додека пејачката се вакцинираше.

Пејачката Јелена Карлеуша прва се вакцинираше во трговскиот центар „Ушче“, како дел од новата акција за вакцинирање во трговските центри во Белград.

Карлеуша пристигна во „фенси“ издание, во бело здолниште и јакна, надополнето со златни ланци и детали. 

Пејачката прва во Србија прими вакцина во трговски центар. Таа ја прими вакцината „Фајзер“ и рече дека одлучила да ја искористи својата популарност на најдобар начин и ги повика сите да се вакцинираат.

По примањето на вакцината Јелена за медиумите изјави дека „не ни почувствувала, буквално“.

"Буквално не ни почувствував, се чувствувам одлично. Повеќе сум под стрес дека има толку многу луѓе околу мене, има многу новинари. Се вакцинирав со „Pfizer ", инаку јас сум некој што не прележал коронавирус, немам антитела, но од почит кон здравствените работници и жртвите на ковид и нивните семејства, поради почит кон луѓето кои заслужуваат нормален живот, решив да ја искористам можноста. Одлично е што можеме да избереме вакцина во Србија“, рече Јелена.

Над 20 новинари го следеа целиот процес додека пејачката се вакцинираше.

извор и фотографии: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ