Каде ќе летува Христијан Мицкоски?

Добивај вести на Viber

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, специјално за „Женски Магазин“ ги откри плановите за ова лето. 

Со сопругата Рози во првите редови на митинг

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не планира да ја напушти државата и со семејството ќе остане во Македонија во наредниот период.

Со синовите Антониј и Јован за Нова година во Струмица

- Ова лето како политичка партија го посветуваме на Македонија и ќе го поминам на работа на терен, во комуникација со граѓаните по селата и градовите. Состојбите се загрижувачки и оценив дека е најдобро да останам во рамките на државата. Што се однесува до можноста за одмор таа нема да ја искористам оваа година. Единствено се чини веројатно дека можеби ќе имам по некој продолжен викенд во некои од македонските туристички центри, веројатно тоа би било Охрид во придружба на сопругата и двата сина – ни изјави Мицкоски.

Ѓ.С.