Актуелно // Insta вести
Како да се сестри, а не мајка и ќерка: Соња и Мелани изненадија со селфи фотографија
Пејачката Соња Тарчуловска, објави заедничка фотографија со нејзината ќерка Мелани.
Мелани е вистинска убавица и копија на нејзиниот татко Јохан. Мелани е првата ќерка на парот, Јоана е нивната втора ќерка, а Младен е третото дете во семејството Тарчуловски.
Соња Тарчуловска, пред две години најави враќање на музичката фолк сцена по осум години пауза, со песна чиј автор е нејзината ќерка, Мелани.
Мелани јавноста ја запозна како учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. А имаше и настап на домашниот музички фестивал „Макфест“, додека на „Охрид-фест“ доби награда за најдобар дебитант.