Како дете трпела насилство, ја сметаат за најлоша соработничка: Вака изгледа денес популарната Сузан од „Очајни домаќинки“ (ФОТО)

„Очајни домаќинки“ се емитуваше од 2004 до 2012 година и за тоа време собра голема публика.

Актерката Тери Хачер го толкуваше ликот на Сузан Мајер во серијата „Очајни домаќинки“ и важеше за една од најтешките соработнички во серијата. Серијата постигна огромен успех, а ликот на убавата Сузан беше еден од омилените, иако истото не може да се каже за актерката во реалниот живот.

Гласините велат дека дури Тери не зборувала со никого на снимањето, а нејзините колешки, кои ги толкуваа преостанатите три очајни домаќинки, на крајот им се заблагодариле на сите, освен на неа.

Покрај репутацијата на неподнослива соработничка, таа беше и пред банкрот, но негираше, велејќи дека во тоа време снимала сцена поради која требало да живее во приколка, но тоа било лага за да прикрие дека е бездомник.

Тери е актерка од 1985 година, а една од нејзините најголеми улоги е во филмот за тајниот агент 007 „Tomorrow Never Dies“, каде го толкуваше ликот на девојката на Џејмс Бонд. Таа играше и во филмовите „Танго и кеш“ и „Фрејзер“.
Денес живее во Лос Анџелес, а папараците ја фотографираа пред неколку дена. Позната е како поддржувач на здрав изглед, па многумина коментираа колку е непрепознатлива со оглед на тоа што не се ни шминка.

фото:Diggzy/Jesal / Shutterstock Editorial / Profimedia

Инаку, таа стана многу попопуларна кога реши да открие малку познати детали од нејзиниот живот. Имено, на настан организиран од Обединетите нации, кој се одржува во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз жените, таа реши да застане пред целиот свет и да каже дека е жртва на сексуална злоупотреба и педофилија. Како што раскажа тогаш, од кога имала пет години, нејзиниот вујко Ричард Хејс Стоун сексуално ја злоставувал до осум или девет години.

Тери зад себе има два брака и е горда мајка на една ќерка.

View this post on Instagram

A post shared by Teri Hatcher (@officialterihatcher)


Таа се уште активно глуми, изгледа прекрасно и често споделува фотки на нејзиниот Инстаграм профил:


View this post on Instagram

A post shared by Teri Hatcher (@officialterihatcher)


View this post on Instagram

A post shared by Teri Hatcher (@officialterihatcher)



извор:GLOSSY