КАКО ЈОКСИМОВИЌ ГИ ИЗБРАЛ ИМИЊАТА НА БЛИЗНАЧКИТЕ?
Близначките на Жељко Јоксимовиќ и на Јована Јанковиќ, Ана и Срна денеска го слават првиот роденден. Познатиот музичар и водителката го имаат и синот Коста кој има четири ипол години. Најстарата ќерка на Јоксимовиќ, Мина, од првиот брак, има 23 години.
Јоксимовиќ, на првиот роденден на ќерките откри зошто им дале токму такви имиња.
„ Името Ана беше желба на Јована од детството, па од првиот момент знаевме дека една од нив така ќе се вика. За другото име воопшто не размислувавме, а кога дознавме дека ќе имаме близначки, Срна некако и на двајцата ни прирасна за срце. Го вежбавме изговорот на имињата со нашето презиме и сфативме дека убаво одговара“, изјави музичарот.
Тој додаде дека ниту тој, ниту сопругата не сонувале дека ќе имаат близначки.
„ Коста многу убаво реагира на сестричките. Ги чува, помага околу ранењето, пресоблекувањето. Сака да учествува и да покаже дека е голем батко кој може да се грижи за бебињата. Се разбира, се трудиме вниманието рамномерно да го распределиме на децата, и да не се врти се околу близначките, затоа што Коста е уште многу мал. Во секој случај, весело ни е . Журката е главно во текот на појадокот, тоа треба да се доживее. Тешко ми е да раскажам. Денот поминува брзо, ноќта нешто побавно, но сите сме многу среќни и добро организирани“, изјави Јоксимовиќ во интервју за Женски магазин лани.