Како познатите дами го прославија и честитаа 8-ми март: Моќни пораки за Денот на жената
Повеќето испратија моќни пораки, други запеаја, некој се истетовира - што правеа и како го честитаа Денот на жената познатите дами.
Секој ден е ден на жената, но денес посебно се изразува љубов, благодарност, почит и внимание до секоја една жена. Со оглед дека оваа година, од веќе јасни причини, е многу поинаква од другите, пораките во чест на жените и нивната борба за социјална, економска и политичка рамноправност со мажите, се од големо значење со цел да се направи светот подобро место за живеење.
Така и познатите македонски дами, испратија зборови полни со љубов, поддршка и емпатија до жените ширум светот, а некои од нив решија и да си се почестат за овој ден.
Сара Мејс денес реши да се истетовира
Дани Димитриевска испрати моќна порака
Хана, ќерката на Тамара Тодевска ѝ изрецитира песничка за 8-ми март, а Тамара пак на нејзината мајка Бранка ѝ го честита празникот со букет цвеќе
+ испрати моќна порака
Татјана и Маријана во друштво испратија осмомартовска честитка од Австралија и заеднички запеаја
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска со ретро фотографии и емотивна порака ѝ го честиташе празникот на мајка ѝ, но и на сите жени
Лила Филиповска исто така упати честитка до сите жени за убав и среќен ден, не само денес туку секој ден од годината
Водителката Снеже Велков исто така испрати апел по повод 8-ми мартР.Ж.М