Kако Велигден се празнува во различни земји?

За Велигден, во различни земји има различни традиции и обичаи. 

Во САД се прават големи паради во кои предводниците носат велигденски свеќи или крстови. Некои од традиционалните обележја за време на овој празник се оние, како на пример:  децата ја играат популарната игра со шарени јајца Easter Egg Roll која има огромна традиција во Вашингтон и во САД, а се одржува и во Белата куќа. За овие празници се подготвува специјалитет со варена шунка или јагнешко, се бојадисуваат велигденски јајца и потоа се игра традиционалната потрага по тие јајца.

Овој христијански празник како еден од најголемите празници се прославува и во Русија. Денот пред Велигден сите цркви работат во текот на ноќта и се организираат верски поворки околу црквите. Во домаќинствата веќе е испечен познатиот „кулич”, кој претставува традиционален празничен леб што го симболизира Христовото тело и сите домаќинки веќе ги имаат обоено велигденските јајца. Велигденското утро започнува со посетување на соседите и подарување на велигденски јајца. Вообичаената фраза што се изговара тој ден е: „Христос воскресе!" и потоа следи одговорот „Воистину воскресе!" Велигден се смета како ден на трпеза со богата храна. 

Велигден е празничен, семеен ден во Холандија. Холанѓаните исто организираат детска потрага по шарени или чоколадни јајца, кои според верувањата ги носи велигденското зајаче, кое во приказните е лик кој бил облечен, одел на две нозе и носел кошница со јајца. На Велигден, христијаните во Холандија го слават Христовото воскреснување откако ќе поминат велигденските пости познати како Lent или vastentijd, а по Велики петок и Велика сабота.  Што се однесува до украсувањето за време на овие празници, неодминлив дел од декорот на Холанѓаните се велигденските јајца и разни пролетни тематски декорации, па така голем број домови се декорирани со врбови гранчиња, мали дрвени јајца и други украси. Во источните делови на Холандија обичај е да се палат огнови. 

Во Унгарија, шунка, тврдо варени јајца и рен се најчестите намирници на типична унгарска велигденска трпеза. Постојат многу и различни десерти, но еден од најпознатите е Fonott Kalacs кој претставува вкусен благ леб, полнет со суво грозје.