Каква боја на паричник да изберете за повеќе пари во 2020 година

Некои бои привлекуваат пари

Паричникот е неопходен додаток. Ние го избираме според нашата омилена боја, декорација, дизајн, марка. Сето ова ќе биде важно во новата 2020 година ако сакаме да собереме повеќе пари и да ги стабилизираме финансиите.

Првото нешто на што треба да се обрне внимание е дизајнот. По можност, паричникот да е подолг, поголем, парите да бидат добро уредени/наместени.

Какви бои треба да избереме за 2020 година? Според Фенг Шуи, има некои бои кои се среќни и погодни за паричник.


Црвен паричник

Кога станува збор за успех, престиж, бојата што е поврзана со напредокот е црвената.


 


Таа има енергија на оган и сонце. Дали знаете дека во Кина и Индија црвената е боја на среќа. Според Фенг Шуи црвената е бојата на признавање, славата, височината и материјалните добра на успехот. Ако сакате да го надополните вашиот живот со среќна енергија, приход од готовина, изберете црвен паричник.

Црн паричник

Многу луѓе претпочитаат да имаат паричник во оваа боја. 

Во 2020 година, оваа боја може да ви донесе богатство и просперитет. Ако сакате да напредувате во кариерата или развојот на бизнисот, треба да изберете црн паричник.

Кафен паричник

Ако сакате да ги зголемите вашите заштеди или сте навикнати да трошите премногу, изборот на кафеав паричник ќе ви помогне да ги контролирате финансиите и да заштедите во 2020 година.


Зелен паричник

Според Фенг Шуи, зелената боја во домот помага да се зголеми позитивната енергија. Носењето зелен паричник во 2020 година ќе ви помогне да создадете нови можности за приход. Ова може да биде во форма на нови корисни контакти, обврски, идеи.


Жолт паричник

Светло жолтата е боја што привлекува позитивни работи во нашите живот, исто така и пари. Но, ако сакате да ги зголемите финансиите и да имате финансиска сигурност, изберете паричник во потемни нијанси.


Други среќни бои за 2020 година се злато, сребро, сиво. Избегнувајте бои како розова и сина боја.