Калиопи емотивно за Есма: Срамно за нас е ова што ѝ го направивме

Добивај вести на Viber

Пред два дена се навршија пет години од смртта на на кралицата на ромската музика, Есма, а куќата на легендарната Реџепова, некогаш прекрасна вила во која пејачката одгледа 48 деца, веќе не изгледа како порано. Наводно, украдено е се' што имало во 750 метри квадратни, а недостасуваат дури и некои врати и прозорци и личи на руина.

По повод петгодишнина од нејзината смрт, за естрадниот магазин „Бекстејџ“, во емисија посветена на Есма, зборуваше и Калиопи присетувајќи се на заедничките моменти, анегдоти, но запрашана што мисли за ситуацијата со куќата на Есма, Калиопи призна дека е потресена бидејќи досега не го знаела тој податок и рече дека е срамно што сме дозволиле тоа да се случи и дека тоа е огледало на нас и нашето општество.

Покојната пејачка, инаку, ја остави оваа куќа на државата и требаше да биде Музејот и домот на хуманоста Есма и Стево Теодосовски, но еден дел од нејзините наследници го оспорија тој тестамент барајќи дел. Па, како што стојат работите, куќата ќе продолжи да се распаѓа.

Интервјуто на Калиопи за „Бекстејџ“: