Карлеуша беше специјален гост на ревијата на познат бренд! Нејзиниот изглед го воодушеви модниот свет!
Централниот настан во Европа синоќа беше ревијата на еден познат бренд на „Amsterdam Fashion Week - u“, каде се собраа највлијателните инфлуенсери од целиот свет, а пејачката Јелена Карлеуша успеа да го украде шоуто и да биде ѕвезда на вечерта.
Јелена Карлеуша важи за најстилската дама и во Србија и во регионот, па не е чудно што беше една од главните ѕвезди на овој настан.
Кога се појави Јелена сите погледи беа вперени во неа.
Поп дивата носеше црн кожен горен дел кој ги покажуваше нејзините бујни гради, а сето тоа го спои со ракавици од истиот материјал.
Долниот дел од телото го покри со долго здолниште, но со длабок шлиц, под кој се гледаше долна облека во иста боја.
Комбинацијата ја зачини со сандали до бутовите, а она што многумина го забележаа се витката линија, рамниот стомак и стомачните мускули на Јелена.
Фото: Инстаграм