Ѝ кажа на свекрвата што му купи на нејзиниот син: Кога слушна што е, се шокира

Добивај вести на Viber

Девоjката ѝ кажа на мајката на своето долгогодишно момче каков подарок му купи за Нова година, а наскоро сфати зошто тоа не е баш најдобра идеја. Поточно, момчето сакало ДНК тест, а девојката тоа му го овозможи.

Сепак кога ѝ го кажа тоа на идната свекрва, таа ѝ призна дека сопругот не е биолошки татко на синот кој го добиле.

Со оглед на тоа дека двојката сакала дете, а жената не можела да забремени, се одлучиле за донор и притоа добија два сина. Таа и сопругот се согласија дека тоа ќе биде нивна тајна, но сега девојката на синот ненамерно ја откри семејната тајна.

Мајката ја замолила да не му кажува ништо до неговиот роденден и подарокот да му го остави за тогаш, но девојката не знае дали тоа е добра идеја со оглед на тоа дека момчето полни 25 години во јули.

- Не е во ред да кријам такво нешто од него. Мислам дека треба да му кажам пред Нова година затоа што никогаш нема да биде добро време. Тој сега има 24 години, имале многу години да изберат погоден момент- се пожали девојката, а со неа многу се согласија.

- Јас сум под голем стрес и тој гледа дека нешто ме мачи, па ме фрустрира тоа и не сакам да зборувам со него- заклучи девојката.